СС202З/18: Семејна педагогија
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Семејни студии | II | 3+2 | 6 |
Наставник: д–р Алма Тасевска
Цели на предметната програма:
Студентите да стекнат научни и теоретски сознанија од областа на семејната педагогија, да стекнат знаења за влијанието на семејното воспитување врз развојот на детето. Студентите да развијат умеења и вештини потребни за компетентно истражување на воспитувањето во семејствата. Студентите ќе бидат оспособени за согледување на причините за воспитните проблеми во семејството, развивање вештини за професионална поддршка и помош на семејствата во остварување на нивната воспитна улога.
Содржина на предметната програма:
Поим, предмет и задачи на семејната педагогија; Семејната педагогија во системот на педагошката наука и нејзиниот однос со други науки и дисциплини, Поим за семејството; Семејството како воспитна заедница; Теории на семејното воспитување; Историско-компаративен пристап на семејното воспитание; Видови семејства; Воспитание, образование и социјализација како значајни процеси во семејството; Семејството и воспитното влијание врз развојот на детето; континуирано воспитание и образование во семејството-градинката и училиштето; Стилови на воспитување во семејството; Оптимален родителски контекст; Претпоставки за успешно родителство; Видови родителски ориентации; Развивање родителски компетенции Улогата на мајката во воспитувањето на детето; Улогата на таткото во воспитувањето на детето; Креирање на образовни програми за родители.
Литература:
1. Slee, T. P., Campbell, M., Spears, B., Child, Adolescent and family development, Cambridge University press, 2012
2. Stevanović, М., Obiteljska pedagogija, Varaždinske toplice: Tonimir, 2000
3. Pečnik, N., Starc, B., Roditeljstvo u najboljem interesu djeteta i podrška roditeljima najmlađe djece, Zagreb: UNICEF, 2010
4. Kindlon, D., Too Much of a Good Thing. Raising Children of Character in an Indulgent Age, Hyperion, New York, 2001
5. Mekgro, F., Porodica na prvom mestu, Novi Sad: Stylos, 2008
6. Rapaj, Z., Kako razumeti svoje roditelje, Beograd: Zavod za udžbenike i nastavna sredstva, 1998
7. Greenspan, S., Sigurno dijete, Lekenik: Ostvarenje, 2002
8. Rosen, D. L., Me, MySpace, and I. Parenting the Net Generation, Palgrave MacMillan, 2007
9. Gordon, T., Škola roditeljske djelotvornosti, Zagreb: Poduzetništvo Jakić, 1996
10. Grupa autora, Problemi vašeg djeteta, Beograd: Zavod za udžbenike i nastavna sredstva, 1997
11. Медиħ, С., Матејиħ Ђуриħ, З., Влаовиħ, Д. Школа за родитеље: Социоедукативни програм за породицу, Београд: Институт за педагогију и андрагогију, Филозофски факултет, 1977