СС102З/18: Современите предизвици на семејствата во Европа
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Семејни студии | I | 3+2 | 6 |
Наставник: д–р Македонка Радуловиќ
Цели на предметната програма:
Студентите да се стекнат со познавања за динамичната природа на современите семејства, трансформацијата на семејствата, како и за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат семејствата денес.
Содржина на предметната програма:
I дел: Дефинирање на семејството и неговите функции, Модели на семејства во современото општество, Семејствата и општеството, Индикатори и фактори на семејниот живот, Современи социјални проблеми на семејствата. II дел: Актуелна состојба на семејниот живот во Европа, Анализа на статистичките показатели за брак, развод, наталитет, фертилитет, вонбрачни заедници, Причини на кои се должат промените, Влијанието на состојбите во Европа врз македонското семејство. Идни проекции за предизвиците со кои ќе се соочуваат семејствата во Европа.
Литература:
1. Louise Corselli Norblad, Andrea Gereoffy, Marriage and Birth statistics -new ways of living together in the EU, Eurostat, 2015
2. Wolfgang Lutz, Rudolf Richter, Chris Wilson, The New Generations of Europeans: Demography and Families in the Enlarged European Union, Earthscan, 2006
3. Kathleen Kiernan, Changing European Families: Trends and Issues, Blackwell Reference Online, 2003