М702З/18: Контрола на вооружување и разоружување
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Безбедност, одбрана и мир | VII | 4+2 | 6 |
Наставник: д–р Ванчо Кенков
Цели на предметната програма:
Основна цел при изучувањето на предметот е студентите да се стекнат со научни знаења и сознанија за базичните концепти и прашања за контрола на вооружувањето и разоружувањето, влијанието врз меѓународните односи, пролиферацијата на оружје и импликациите во меѓународните односи.
Содржина на предметната програма:
Вооружувањето и разоружувањето во меѓународните односи; Улогата на меѓународните организации врз контролата на вооружувањето и фразоружувањето; Разоружувањето и трансферот на оружје; Меѓународни договори за контрола и ограничување на вооружувањто и разоружувањето; Класификација на оружјето; Контрола на конвенционалното и нуклеарното вооружување и разоружување; Контрола на трансферот на оружје (легален–нелегален) и прашањето на разоружувањето; Контрола на производството на нуклеарното, хемиското, биолошкото оружје и разоружувањето; Разоружувањето во спрега со стратегиските цели и политиката; Разоружувањето и тероризмот.
Литература:
1. Zbirka članaka, Razoružanje – problemi savremenog sveta, VIZ, Beograd, 1978
2. Лидија Георгиева, Творење на мирот, Филозофски факултет, Скопје, 2006
3. Котовчевски Митко, Етиологија на вооружените конфликти, 2007
4. The United Nations, Disarmament Yearbook, 1999