М502З/18: Правото и мирот
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Безбедност, одбрана и мир | V | 4+2 | 6 |
Наставник: д–р Рина Киркова Танеска
Цели на предметната програма:
Преку запознавање на студентите со основите на правот и тероијата на правото студентите ќе се оспособат да го разберат концептот владеењето на правото и правните инструменти врз превенција на насилните конфликти и постконфликтната реконсилијација. Практичните сознанија ќе бидат поврзани со запознавањето со основните правни категории и механизми, а особено на оние за кривична одговорност на сторителите на воени злосторства и тешки кршења на човековите права.
Содржина на предметната програма:
Вовед во право, правни норми, правни акти, субјекти на правото, објекти на правото, право и политика, национално и меѓународно право, меѓународни правни институции, меѓународен мир преку правото, помирување наспроти одмазда, судски средства за градење на мирот, амнестија.
Литература:
1. Василевски Воислав, Меѓународно хуманитарно право, Воена академија, 2002
2. Бајалџиев Димитар, Вовед во право, Правен факултет, 2000
3. Кристина Греј, Меѓународното право и употребата на сила, Просветно дело, 2009