О704И/18: Меѓународни интервенции

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Безбедност, одбрана и мирVII3+16

Наставник: д–р Рина Киркова Танеска

Цели на предметната програма:

Цел на предметот е преку познавање на меѓународно право студентите да се оспособат самостојно да ги анализираат воените интервенции. Да ги детектираат причините за воените интервенции и нивната квалификација и класификација. Преку изучувањето на конкретни воени интервенции се очекува студентите да можат критички да размислуваат дали станува збор, за хуманитарни интервенции односно меѓународни интервенции за одржување на меѓународниот мир и безбедности или за интервенции кои се во национален интерес на големите сили. Да можат да ги предвидат последитиците и правилата кои во иднина би се граделе врз основа на историските примери.

Содржина на предметната програма:

Дефинирање на поимите агресија, окупација, воена интервенција според меѓународно воено право. Интервенционизам, воени интервенции или хуманитарни интервенции. Воени интервенции за време на студента војна. Воени интервенции по студената војна. Студии на случај, Заливската војна, Босна, Косово, Руанда, Авганистан, Ирак, Јужна Осетија, Либија, Украина и Сирија. Одговорност да се заштити и негова примена. Новите меѓународни односи и можностите за правно издржани воени интервенции.

Литература:

1. Aysegul Aydin, Foreign Powers and Intervention in Armed Conflicts, Stanford University Press, 2012

2. Rosa Brooks, How Everything Became War and the Military Became Everything, Simon & Schuster, 2016

3. Lawrence Wright, The Terror Years, Knopf Doubleday Publishing Group, 2016