Б807И/18: Криминалистичка методика

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Безбедност, одбрана и мирVIII3+16

Наставник:

Цели на предметната програма:

Стекнување на знаења во врска со појавните облици на различни видови на криминалитет, мотивите на сторителот и разбирање на начинот на извршување на определени видови на кривични дела. Развивање на способност и вештина за практична примена на криминалистичко оперативни методи за откривање и докажување на кривичните дела. Стекнување стручни знаења и вештини во однос на искористување на информациите и фактите добиени од форензичките вештачња со цел идентификација на сторителот на кривичното дело и нивно толкување во состав на добиените оперативни информации.

Содржина на предметната програма:

Поим, предмет и задачи на криминалистичката методика, класификација на криминалот спрема нападнатото добро и мотивите поради кои се врши. Крвни деликти(поим, видови и мотиви), начин на дознавање и методика на вршење на истраги кај убиства, методика на откривање на сторителите. Самоубиства и фингирање на самоубиствата (поим, мотиви и начини на извршување). Сексуални деликти (поим и начин на дознавање), откривање на сторител кај сексуални делитки. Поим и видови на имотни деликти, поделба според објектот на напад и мотивот на сторителот. Методика на расветлување на пожари и палевини. Поим и расветлување на кривични дела поврзани со фалсификување на документи.

Литература:

1. Владимир Водинелиќ, Криминалистичка методика, Центар за образование на кадри од областа на безбедноста, 1987

2. Рејчел Боба, Криминалистичко истражување и мапирање на криминалот, Нампрес, 2010

3. Росе Смилески, Методика на истражување на пожари и палевини, Скопје – Ван Гог, 2010