БОМ201З/18: Теории на мирот

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Безбедност, одбрана и мирII3+26

Наставник: д–р Лидија Георгиева

Цели на предметната програма:

Целта на предметната програма е да овозможи знаења за базичните концепти и прашања за мирот во глобализираниот свет. Преку следење на историскиот развој, теориската рамка, институционалните решенија и актери на меѓународно и регионално ниво, современите проблеми на мирот и конфликтите на различни нивоа, и за насилството и екстремизмот, целта е да се оспособат студентите за анализирање и дискутирање за современите пристапи за творење на мирот и за нивната апликација во справувањето со локалните и глобалните предизвици за мирот.

Содржина на предметната програма:

Вовед во студиите за мир; Мировните истражувања и меѓународните односи; Традиционална и современа агенда на мировните истражувања; Теорија на мирот; Еволуирање на концептот за мир-Мирот како отсуство на насилство, Мир како рамнотежа на сили, негативен мир, позитивен мир; Мирот и насилството-директно, индиректно (структурно) и културно насилство, мирот и насилниот екстремизам; Мирот и конфликтите; теорија на конфликтите; Пристапи за творење на мирот-Мир како присила (одвраќањеи употреба на сила, колективна и взаемна безбедност, разоружување и контрола на вооружување, Милениумски развојни цели како мировна стратегија, одржлив развој и мир); Мир преку регулирање на меѓународните односи (почитување на човековите права и владеење на правото-демократски мир); Мир преку алтернативно разрешување на конфликтите (ненасилно разрешување и трансформација на конфликтите-реконсилијација, образование за мир, демократизација, градење на мир; Меѓународните организации и мирот – Улогата на ООН и на агенциите на ООН за оддржување на мирот и развој на културата на мирот; Република Македонија и европските димензии на мирот. Жените и мирот.

Литература:

1. Георгиева Лидија, Творење на мирот, Филозофски факултет, 2009

2. David Cortright, Peace: A history of movements and ideas, Cambridge University Press, 2008.

3. Peacemaking in International Conflict: Methods and Techniques,Washington, D.C.: United States Institute of Peace Press, 2007

4. Stephen J. Stedman, Donald Rothchild, and Elizabeth M. Cousens, (eds.), Ending Civil Wars: The Implementation of Peace Agreements, Boulder: Lynne Rienner Publishers, 2002