БОМ104З/18: Меѓународни односи

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Безбедност, одбрана и мирI3+26

Наставник: д–р Рина Киркова Танеска

Цели на предметната програма:

Студентите ќе се стекнат со научни сознанија и ќе се оспособат да ја разберат суштината на меѓународните односи и креирањето на меќународната политика. Со стекнување на знаења од оваа предметна програма студентите ќе можат успешно да ги следат програмите од предметите кои разработуваат содржини поврзани со регионалната и меѓународната безбедност, меѓународните организации и институции, дипломатијата, како и глобалните безбедносни трендови.

Содржина на предметната програма:

Историски развој на меѓународните односи, пристапи кон проучување на меѓународните односи, теори на меѓународни односи, фактори, субјекти и системи на меѓународни односи, поим и структурана меѓународна заедница, дејствување на државите во меѓународните односи, начини и средства за општење меѓу државите, типови на меѓународни односи, глобализација и новиот светски поредок.

Литература:

1. Пол Виоти и Марк Каупи, Меѓународни односи и светска политика, Академски печат, 2009

2. Денко Малески, Меѓународна политика, Правен факултет, 2000

3. Burchill, Scott (ed.), Theories of International Relations, 2005