МИС501: Политичка култура

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Меѓународни и интеркултурни студииV3+16

Наставник: д-р Ненад Марковиќ

Цели на предметната програма:

Студентите треба да стекнат знаење од полето на историскиот развој на политичката култура како концепт во политичката наука; стекнување основни знаења во врска со најпознатите модели на политичка култура во академското поле; солидно познавање на политичките култури во најголемите европски држави; запознавање со предизвиците на политичката култура во државите во транзиција; запознавање со современите дебати од областа на политичката култура на глобално ниво.

Содржина на предметната програма:

поим на политичка култура; големите традиции во истражувањето на политичката култура (францускиот, германскиот и американскиот модел); модел на политичката култура на Алмонд и Верба; современи модели на проучување и типологизирање на политичката култура; испитувањето на политичката култура во Источна Европа (Клингеман, Фукс и Зиелонка); карактеристики на политичката култура во големите европски држави како и на најновите тенденции во полето на политичката култура на глобално ниво.

Литература:

1. Stephen Welch, The Theory of Political Culture, Oxford University Press 2013

2. Hans-Dieter Klingemann, Dieter Fuchs & Jan Zielonka (eds.), Democracy and Political Culture in Eastern Europe, Routledge 2006

3. Jan-Erik Lane and Svante Ersson, Culture and Politics: A Comparative Approach, Ashgate 2002

4. Н. Марковиќ и М. Поповиќ, Политички дијалог, КАС 2015