МИС723И: Културно наследство и културна разноликост
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Меѓународни и интеркултурни студии | VII | 3+1 | 6 |
Наставник: д–р Анета Серафимова
Цели на предметната програма:
Да се стекнат знаења за меѓународните стандарди за категоризација, презервација, управување и утилизација на културното населедство со посебна нагласка на културната расноликост.
Содржина на предметната програма:
Херитолошки осврт или наука за наследството: дефиниција, категоризација, валоризација, традиција, меморија. Меѓународни стандарди и практики во областа на упавувањето и заштитата на културното наследство. Мултикултурализмот како база за разбирање и развивање на културната разноликост. Светското културно наследство низ призмата на културната посебност/разноликост: стандарди, критериуми, примери/практики.
Литература:
1. G. Aplin, Heritage: Identification, Conservation, and Managemen, Oxford University Press 2002
2. L. Parvis, Understanding Cultural Diversity in Today’s Complex World, Embrace Publications & Consulting, LLC 2013
3. J. Blake, International Cultural Heritage Law (UNESCO’s Normative, Operational Activities and Resolutions), Oxford University Press 2015
4. П. Кузман, А. Серафимова, В. Поповска-Коробар, Ј. Тричковска, М. Георгиевски, З. Павлов, Охрид – светско наследтсво. Едиција „Македонско културно наследство“, УНЕСКО – Венеција и Управа за заштита на културното наследство на РМ, 2009
5. Светското наследство во рацете на младите Министерство за култура на РМ и Национална комисија за УНЕСКО 2012