МИС825И: Религииџ: конфликт и дијалог
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Меѓународни и интеркултурни студии | VIII | 3+1 | 6 |
Наставник: д–р Зоран Матевски
Цели на предметната програма:
Курсот ќе им овозможи на студентите да се запознаат со улогата на религијата во мир и конфликт. Студентите да стекнат научни и продлабочени знаења за улогата на религиското насилство во современото општествo . Студентите да стекнат научни сознанија за процесите на религиска толеранција како предуслов за надминување на религиските конфликти.
Содржина на предметната програма:
појмовно определување на религиските конфликти; теоријата на конфликт; религиските конфликти низ историјата; современи примери за религиски конфликти; интеррелигиски конфликти; општествени предизвици од дејствувањето на религиските групи; односот помеѓу религијата и политиката; влијанието на религијата врз политиката; религијата и политиката во третиот свет; концептот на фундаментализмот; протестантски фундаментализам; еврејски фундаментализам; исламски фундаментализам; иднината на концептот на фундаментализмот; религиско насилство; улогата на религијата врз меѓународниот терoризам; секуларизмот версус религискиот тероризам; дали религијата е проблем?; дали религиското насилство е неизбежно?; религијата, насилството и миротворството; појмовно определување на религиската толеранција; карактеристики на религиската толеранција во регионот на Западен Балкан; влијанието на религиските организации врз религиската толеранција; влијанието на религискиот фундаментализам врз религиската толеранција; неоекуменизмот: мит или стварност?
Литература:
1. Monahan Susanne, Mirola William, Emerson Michael, Sociology of Religion, Routledge. 2016
2. Johnstone Ronald, Religion in Society, Prentice-Hall, Inc 2001
3. Armstrong Karen, Bitka za Boga, Sarajevo: Sihanpašič 2007
4. Cvitkovič Ivan, Socijalna naučavanja u religijama, Sarajevo: DES 2007
5. McGuire Meredith, Religion-The Social Context, Wadsworth-Thomson learning 2002
6. Endru Hejvud, Političke ideologije, Beograd: Zavod za uđbenike I nastavna sredstva 2005