МИС803И: Глобализација на правата, вредностите и законите

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Меѓународни и интеркултурни студииVIII3+16

Наставник: д-р Христина Рунчева Тасев

Цели на предметната програма:

разбирање на концептот на глобализацијата и нејзините различни дефиниции; развивање на историска перспектива за глобализациските процеси; разликување на различните видови глобализација и нивното меѓусебно влијание; развивање способност самостојно да се истражуваат теми поврзани со глобализацијата на вредностите, нормите и правните принципи. Разбирање на емпириската еволуција на традициите на човековите права и уставните традиции во различните светски региони; разбирање на факторите кои влијаат на трансформацијата и суштинските меѓународни норми и права како резултат на дејствувањето на меѓународните организации.

Содржина на предметната програма:

глобализацијата како оспорен концепт; основни теории на глобализацијата; глобализацијата низ историска призма; различните димензии на глобализацијата (економска, политичка, културна и еколошка); идеологии на глобализација; глобалната криза и иднината на глобализацијата.

Литература:

1. Хелд Дејвид и Мекгру Ентони, Управување со глабализацијата, Академски печат 2010

2. Manfred B. Steger, Globalization: A Very Short Introduction, Oxford University Press 2013

3. Paul Hopper, Understanding Cultural Globalization, Polity Press 2007

4. З. Нацев и Г. Зенделовски, Глобализацијата, мирот и безбедноста, Филозофски факултет 2014