МИС801: Спорт и здравје

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Меѓународни и интеркултурни студииVIII0+22

Наставник:

Цели на предметната програма:

Целта на предметот спорт и спортски активности е усвојување на нови и усовршување на старите моторни знаења и вештини, подобрување на моторните и фукционалните спсособности се со цел унапредување на здравјето, задоволувањето на потребате за движење, оспообување на студентот за рационално, содржајно користење на слободното време како и подобрување на квалитетот на животот во младоста, во зрелата возраст и староста.Унапредување на социјалната комуникација.

Очекувани резултати:

Оспособување на студентот за самостојно спортување и физичко вежбање, запознавање со законитостите на физичката култура и правилната исхрана. Стекнување знаења за структурата, правилата, принципите на тренажниот процес и специфичностите на избраната кинезиолошка активност.

Содржина на предметната програма:

А. Програм – основен редовен програм

– кошарка, мал фудбал, одбојка, ракомет, танцови фитнес програми (аеробик, степ-

аеробик, пилатес, и сл.)

Б. Програм – изборна настава

– Планинарење и логорување, Пливање, Велосипедизам, Ролање, Лизгање, Скијање,

Пинг-понг

В. Програм за студентите со посебни потеби

– физички активности во зависност од дијагнозата на студентот

Г. Изборни програми за студентите од повисоките години на студии

Д. програм – спорски натпревари

Литература:

Попис на литературата се добива кај предметниот наставник во зависност од изборот на

Кинезиолошката активност.