МИС606И: Основи на статистиката

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Меѓународни и интеркултурни студииVI3+16

Наставник: д–р Николина Кениг

Цели на предметната програма:

Предметот има за цел да ги воведе студентите во основните статистички поими. Студентите ќе научат да анализираат квантитативни податоци добиени со емпириски истражувања, да ги интерпретираат добиените резултати, да го разберат нивното значење и да ги комуницираат соодветно во истражувачки извештај. Од нив ќе се бара да изведуваат едноставни пресметки со помош на калкулатор и да Excel и/или SPSS статистички пакет за изведување на анализата на податоци.

Содржина на предметната програма:

Поим за Варијабла. Концепт за мерење и нивоа на мерење. Примерок и популација. Опис на квантитативните податоци (утврдување мерки на централна тенденција и девијација, графичко претставување на податоците). Утврдување поврзаност меѓу варијаблите (корелации, хи-квадрат, непараметриски тестови и t-тест).

Литература:

1. Николоски, Т., Статистика во психологијата, Филозофски факултет 2001

2. Hinton, P., Statistics Explained, Routlege 2005