МИС605И: Мит и култура
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Меѓународни и интеркултурни студии | VI | 3+1 | 6 |
Наставник: д–р Ратко Дуев
Цели на предметната програма:
Да ги усвојат, синтетизираат и артикулираат знаењата од примарната литература и научните извори од различни дисциплини; да развијат независна и критичка мисла преку компаративна анализа на различни митологии; да стекнат знаења за митовите на културите на Средниот и Блискиот Исток, Јужна Америка, Античка Грција и Рим и вештини за препознавање на комплексноста на глобалната разноликост; да стекнат критичко мислење и да ја развијат својата вештина за пишување преку есеи на компаративни митолошки теми.
Содржина на предметната програма:
Толкување на митот; Месопотамија; Гилгамеш; Угарит; Израел; митологијата на Хетитите; митовите на древна Индија; хеленска митологија; римска митологија; нордиска митологија; Митови на древните народи во Јужна и Северна Америка; Митот и современиот човек.
Литература:
1. Дуев, Р., Античка митологија (скрипта) 2006
2. Cassirer, E., Language and Myth Dover 1953
3. Hooke, S. H., Middle Eastern Mythology Penguin 1963
4. Дуев, Р., Ѕевс и Дионис: раѓање на античките верувања и култови Силсонс 2010
5. J. P. Frazer, Golden Bough Dover (rep. 1922) 2002