МИС602: Исламофобија и другоста

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Меѓународни и интеркултурни студииVI3+16

Наставник: д–р Зоран Матевски

Цели на предметната програма:

Студентите да стекнат научни и

продлабочени знаења за улогата на исламофобијата во современо општество Да стекнат сознанија за причините за појавата на исламофобијата во САД, Европа и регионот на Западен Балкан. Да се запознаат со феноменологијата на исламската света војна како една од суштинските фактори на исламофобијата.

Содржина на предметната програма:

поимно определување на исламофобијата; корени на исламофобијата; причини за појава и интензивирање на исламофобијата во современиот свет; исламски фундаментализам и џихад; појмовно определување на фундаментализмот; местото и улогата на светата војна во идеологијата на исламскиот фумдаментализам; свтата војна против христијаните и евреите; нови тенденции во исламското фундаменталистичко движење; перспективи на исламскиот фундаментализам; корените на Ал-Каеда; џихадот во современите меѓународни односи; исламизацијата како фактор на албанизација во регионот на Западен Балкан; европски ислам или исламска Европа; ренесанса на идејата за џихадот во единствена албанска држава; глобалниот џихад и светската исламска лига; глобалниот џихад и Исламскиот Совет; заедничко делување на исламските организации во подготовка на на џихадот; неоекуменизам версус панисламизам; влијанието на религијата врз обединување на стариот континент; арабизација на неарапските муслимани и антрополошката промена на арапите; влијанието на модерна Турција врз намалување на исламофобијата во Европа; исламофобијата и демократизацијата на државите во регионот на Западен Балкан.

Литература:

1. Lean Nathan, The Islamophobia Industry, PlutoPress 2012

2. Green Todd, The Fear of Islam, Fortress Press 2015

3. Јевтић Мирољуб, Проблеми политикологије религије, Београд: Центар за проучавање религије и верску толеранцију, 2012

4. Jevtic Miroljub, Religion and power, Belgrade: Center for study of religion and religious tolerance 2008

5. Јевтић Мирољуб, Савремени џихад као рат, Београд: Никола Пашић 2001

6. Јевтић Мирољуб, Религија изазов политичкој науци, Београд: Центар за проучавање религије и верску толеранцију, 2010