МИС502И: Локален економски развој и мир

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Меѓународни и интеркултурни студииV3+16

Наставник: д–р Лидија Георгиева

Цели на предметната програма:

По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни:

  • Сеопфатно да ја разберат комплексноста на локалниот економски развој (ЛЕР), како и неговите детални аспекти;
  • Критички да ги проценуваат предностите и недостатоците кои произлегуваат од алтернативните начини на реализирање на локалниот економски развој;
  • Да ја проценуваат важноста на мрежите на поврзување меѓу стеикхолдерите (stakeholders) од јавниот сектор, бизнис секторот, и локалната власт (самоуправата);
  • Да вршат избор на соодветн инструменти за оценка на прифатливите стратегии за локален економски развој.

Содржина на предметната програма:

  • Типологии на локален економски развој: пристап на страната на побарувачката, пристап на страна на понудата;
  • Улога на јавниот сектор во доменот на локалниот економски развој;
  • Комплексен пристап кон локалниот економски развој во рамки на националниот економски развој;
  • Алтернативни начини на реализирање интегрален локален економски развој;
  • Начини за градење мрежи на соработка: помеѓу јавниот и приватниот сектор, национална (централна) и локална власт, локална власт и граѓани, интегрирање во комплексната мрежа на соработка;
  • Стратешки менаџмент во јавниот сектор и локалниот економски развој;
  • Политики на јавниот сектор во врска со интегралниот локален економски развој.

Литература:

1. Blakely, E., Planning Local Economic Development: Theory and Practice, 3rd Edition, London: Sage, 2002

2. Acocella Nicola, Economic Policy in the Age of Globalization, Cambridge University Press 2005

3. Blair, J., Local EconomicDevelopment:Analysis and Practice, London: Sage 1995

4. Griffits Alan, Wall Stuart, Applied Economics, Prentice Hall 2004