МИС402: Современи економски системи
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Меѓународни и интеркултурни студии | IV | 3+1 | 6 |
Наставник: д-р Трајко Славески
Цели на предметната програма:
По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни:
1. Да ги разликуваат значајните карактеристики и механизми на функционирање на современите економски системи,
2. Да владеат со аналитичката апаратура за евалуација на економските системи и нивната успешност во остварување на главните цели,
3. Да владеат со современата методологија за избор на оптимални елементи на економскиот систем,
4. Да ги мерат предностите и недостатоците од влијанието на глобализацијата врз економските системи.
Содржина на предметната програма:
I. Економскиот систем во (тeоретско-методолошки пристап)
1. Дефиниција и класификација на економските системи
2. Елементи на економскиот систем и интеракции
3. Современа методологија на економските системи и збор на оптмален систем
4. Евалуација на економските системи
II. Современиот економски систем – состојби и перспективи
1. Пазарот и капитализмот
1.1. Економскиот систем на американскиот пазарен капитализам
1.2. Еврокапитализам
1.2.1. Социјално-пазарната економија на Германија
1.2.2. Економскиот систем на Велика Британија
1.2.3. Економскиот систем на Франција – индикативно планирање
1.2.4. Шведскиот модел на држава на благосостојба
1.3. Источно-азиски државно управуван капитализам
1.3.1. Економскиот систем на Јапонија
1.3.2. Азиските тигри (Хонг Конг, Сингапур, Јужна Кореја и Тајван)
2. Растежот и падот на социјализмот
2.1. Градење пазарна економија
2.2. Руската економија во транзиција
2.3. Источно-европските земји и транзицијата
3. Земјите во развој и современиот економски систем
3.1. Трансформација на економскиот систем на Кина
3.2. Специфичности на индискиот еволутивен модел на економски систем
III. Глобализацијата на современата светска економија
1. Трендови во почетокот на XXI век
2. Објективни влечни сили кон глобализацијата
2.1. Институционални форми на унифицирањето
3.1. Регионализмот во светската економија
3.2. Институционализирани регионални аранжмани
3.3. СТО и основните принципи на либерализацијата
3.4. Меѓународни финансиски институции и глобалниот менаџмент
3. Импликациите на глобализацијата врз економскиот систем
4. Противречности и проблеми на глобализацијата
5. Нов тренд во светот – глобална меѓузависност
Литература:
1. Узунов Никола, Костовска Љубица, Современите економски системи, УКИМ, Скопје, 2000
2. Ravenhill John, Global Political Economy, Oxford University Press, Oxford, 2005
3. Schnitzer Martin, Comparative economic systems, USA, 2000
4. Gregory Paul, Stuart Robert, Comparative economic systems, Houghton Mifflin Company, New York, 1999