МИС302: Разрешување конфликти: теорија и пракса
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Меѓународни и интеркултурни студии | III | 3+1 | 6 |
Наставник: д–р Лидија Георгиева
Цели на предметната програма:
Предметот има за цел да ги воведе студентите во теориите на индивидуални и групни конфликти како цонцепциска рамка која ќе има практична апликација. Студентите ќе се вклучат во модел во кој ќе ги играат улогите на страна во конфликт и трета страна која врши интервенција во конфликт. Тие ќе бидат воведени во причините за конфликтите, како мултикултурни аспекти и ќе се осврнат на можностите за развој и во конфликтни услови.
Содржина на предметната програма:
Соработка и натпревар: интерперсонални и интергрупни процеси; конструктивно и деструктивно натпреварување; Теорија за разрешување конфликти; Правда и конфликти; Доверба, комуникација и конфликти; Јазикот, мирот и разрешување конфликти; Вештини за разрешување конфликти; Културата и конфликтите; Агресија и насилство; Интергрупни конфликти: Нерешливи конфликти; Медијација и преговарање во конфликти.
Литература:
1. Гоцевски, Ортаковски, Георгиева, Разрешување и трансформација на конфликти, Филозофски Факултет, 2009
2. Contemporary conflict resolution, Routlege 2005
3. Coleman, Deutsch, Marcus, The Handbook of Conflict Resolution, Welley Co. 2000
4. Burcill (ed), International Conflict and security Law, Cambridge 2005