МИС202И: Вовед во социјална и културна антропологија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Меѓународни и интеркултурни студииII3+16

Наставник: д–р Сузана Симоновска

Цели на предметната програма:

Да ги упати студентите во основните антрополошки категории и ориентации во антрополошката теорија; да го помогне нивното разбирање на човекот и светот; да придонесе во градењето на сопствени ставови и вредносни судови; да го поттикнува развивањето на сензибилитет за градацијата на човековите потреби.

Содржина на предметната програма:

Антропологијата како наука во системот на науките; Ориентации и дисциплини во антропологијата; Медоти на антропологијата; Генеза на човекот; Поим на човекот; Самоидентификација на човекот во времето и просторот; prostorot; Структура на човековото битие – тело и дух; Половоста како посебен сегмент на структурата на човековото битие; Човекот и културата; Човековите потреби; Аберации на човековите потреби; Вредности и вреднување: хуманоста како мера на вредностите; Облици на човекување (тоталитет на човековите искушенија во индивидуалниот живот и во севкупното траење на човековиот род): труд, игра, сон, мит, религија, обичај, морал, уметност и јазик.

Литература:

1. Шулц, А.Емили, Левенда, Х. Роберт, Културна антропологија, Скопје: Просветно дело АД 2009

2. Марковска, С., Симоновска, С., Антропологија – зборник текстови Скопје: ДОГЕР 1999

3. Ацески, И., Културна антропологија, Скопје: Филозофски факултет 2016

4. Fabijeti, U., Maligeti, Uvod u antropologiju, Beograd: Clio 2002