МИС204И: Меѓународни човекови права
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Меѓународни и интеркултурни студии | II | 3+1 | 6 |
Наставник: д-р Елена Михајлова Стратилати
Цели на предметната програма:
студентите да стекнат познавање на теоретска експликација на основните поими и инструменти со кои се служи меѓународното право за правата на човекот, како и нивната хронологија на развој и заснованост во политичката филозофија и јуриспруденција; увид во сите актуелни политички и правни расправи за одделни правни категории, особено односот: индивидуални и колективни права, право на културен идентитет, третманот на дискриминацијата и афирмативните акции; студентите да се стекнат со референтни знаења во областа, и да се оспособат самостојно да ги анализираат меѓународните инструменти за заштита на човековите права; случаите на кршење на човековите права; да се оспособат да пишуваат рапорти/извештаи за рано предупредување; способности за учество во проекти на невладини и владини организации за промоција и заштита на човековите права.
Содржина на предметната програма:
карактеристиките на човековите права, нивната универзална и културолошка профилација, поделбата на човековите права по генерации, содржината и субјектот кој ги носи и секако, изворите на меѓународното право за човековите права. Процедурите пред меѓународните организации и судови во заштита на човековите права. Малцинските и другите колективни права. Трендовите на развој на меѓународното право за правата на човекот.
Литература:
1. Фредерик Судре, Европското и меѓународното право за правата на човекот, Ars Lamina 2012
2. Стивен Грир, Европска конвенција за човекови права (Постигања, проблеми и изгледи), Просветно дело 2009
3. Љубомир Д. Фрчкоски, Меѓународно право за правата на човекот, Магор 2005
4. James Mayall and Gene Martin Lyons (eds.), International Human Rights in the 21st Century: Protecting the Rights of Group, Rowman & Littlefield Publishers 2003