МИС203: Право, политика и општество

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Меѓународни и интеркултурни студииII3+16

Наставник: д–р Каролина Ристова Астеруд

Цели на предметната програма:

стекнување на сеопфатно разбирање на различните теориски и емпириски погледи на правото, правните промени и односот меѓу правото и општеството; осознавање на општествените фактори и процеси кои го иницираат создавањето на правото, ја детерминираат неговата внатрешна поставеност и го определуваат степенот на неговата ефикасност; осознавање и способност за анализа на влијанието на правните норми врз општеството, неговиот развој и стабилност. Студентите ќе се оспособат правото да го разгледуваат пошироко од чистите нормативни (законски) акти, барајќи ја неговата врска со општествените феномени. Конечно, студентите ќе се оспособат да размислуваат критички во однос на правниот систем и да поставуваат прашања во насока кон негово подобрување и усогласување со општествените потреби.

Содржина на предметната програма:

дефинирање на правото, вклучувајќи ги и историските придобивки во социолошките размислувања за неговата суштина; создавањето на правото, взаемното влијание на правниот систем и другите, чисто општествени системи на норми, интеракцијата на правото со останатите општествени сегменти (пред се со политичкиот), како и со разните блици на општествена свест; утврдувањето на улогата, односно функциите на правото во општеството.

Литература:

1. Томислав Чокревски и Лазар Китановски, Социологија на правото, Правен факултет „Јустинијан Први“, 2007

2. Добринка Тасковска, Вовед во правото – прв и втор дел, 2013