МИС201: Вовед во меѓународни односи
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Меѓународни и интеркултурни студии | II | 3+1 | 6 |
Наставник: д–р Рина Киркова
Цели на предметната програма:
Целта на предметната програма е да ја даде основата и да ги воведе студентите во содржините на меѓународните односи. Преку предметната програма студентите треба да се стекнат со јасна претстава за сите чинители на меѓународните односи: субјектите и факторите, како и за начините на комуникација меѓу субјектите, начините на креирањето на односите како и динамиката на менувањето на содржините во меѓународните односи. Предметната прогама е на базично ниво со цел постепено да навлегуваат во содржините на меѓународните односи.
Содржина на предметната програма:
Историски развој на меѓународни односи, пристапи на проучување на меѓународни односи, теории на меѓународни односи, фактори, субјекти и системи на меѓународни односи, поим и структура на меѓународна заедница, местото на државата во меѓународните односи, начини и сретства за општење меѓу државите, типови на меѓународни односи, глобализација и нови трендови во меѓународните односи: меѓународно право, меѓународна економија, глобален поредок.
Литература:
1. Пол Р. Виоти и Марк В. Капули, Меѓународни односи и светска политика, Академски печат 2009
2. Рина Киркова, Меѓународни политички односи, Читанка 2015
3. Brown, Chris & Ainley, Kirsten, Understanding International Relations, Palgrave Macmillan 2005