Д508И/18: Вовед во асистивни технологии
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Специјална едукација и рехабилитација | V | 2+1 | 6 |
Наставник: д–р Дејан Ѓорѓевиќ
Цели на предметната програма:
Запознавање на кандидатите со повеќе аспекти на асистивните технологии и можностите за нивна примена. Запознавање со уреди и технологии за помош на лицата со попреченост. Примена на новите технологии во специјалната едукација.
Содржина на предметната програма:
Дефиниција на асистивни технологии, историја и развој на асистивните технологии, поделба на асистивните технологии, улогата на асистивните технологии во едукацијата. Преглед на асистивни технологии за слабовиди, глуви и наглуви, лица со ограничена подвижност и пречки во развојот. Уреди за помош, адаптација и рехабилитација на лица со попреченост. Дизајнирање, имплементирање и адаптирање на околина за лица со попреченост. Употреба на компјутерите во образованието на лицата со попреченост и нивно прилагодување. Влезни уреди и софтвер за лица со попреченост. Рамки за одредување, проценка и избор на асистивни технологии според степенот и видот на попреченоста.
Литература:
1. Suzanne Robitaille, The Illustrated Guide to Assistive Technology and Devices: Tools and Gadgets for Living Independently, The Demos Health, 2010
2. Пристапна Технологија: Водич за едукатори, Microsoft Press, 2008
3. Радмила Стојковска – Алексова, Лидија Крстевска Дојчиновска, Прирачник за наставници: Употреба на информатичката технологија во училиштата за децата со посебни потреби, Отворете ги прозорците, 2010
4. Ravonne A., Green Keep It Simple: A Guide to Assistive Technologies, Libraries Unlimited, 2011