Д702З/18: Методика на работа со ученици со оштетен слух
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Специјална едукација и рехабилитација | VII | 2+3 | 6 |
Наставник: д–р Зора Јачова
Цели на предметната програма:
Студентите да стекнат знаења за научните достигања од областа на методиката на работа со ученици со оштетен слух и развијат способности за нивната практична примена во процесите на демутизација, десурдизација како и планирањето и реализацијата на воспитно-образовната работа.
Содржина на предметната програма:
Критериуми за поделба на гласовите; Акустичка структура на гласовите; Основни принципи при програмирањето на работата на наглувите деца; Подготвителен период на демутизација; Редослед на совладување на гласовите и утврдување на фонематскиот капацитет; Визуелна перцепција на говорот; Формирање и обработка на гласовите; Методски постапки во формирањето на поимите; Специфичности на речникот кај децата со оштетен слух; Изградба на реченицата кај глувото дете; Учење на логички говор; Читање, пишување и писмените работи во училиштата за глуви ученици; Цели и задачи на наставата по математика во училиштата за глуви ученици; Значењето на математичкиот речник; Организација на часот по математика во училиштата за глуви ученици; Цели и задачи на наставата по запознавање на природата во училиштата за глуви ученици; Организација и типови на часови во наставата по природата во училиштата за глуви ученици; Методски аспекти во наставата по ликовно образование и физичко воспитание.
Литература:
1. Јачова, З., Визуелна перцепција на говорот, Филозофски факултет, Скопје, 2006
2. Славнић, С. & Ковачевић, Ј., Методички аспекти наставе ликовне културе и физичког васпитања у школама за глуву и наглуву децу, Савез дефектолога Заједнице Србије и Црне Горе, Београд, 2005
3. Savić, Lj., Metodika učenja govora gluve dece, Zavod za udžbenike i nastavna sredstva, Beograd, 1986
4. Vlajić, Ž., Metodika rada sa nagluvima, Naučna knjiga, Beograd, 1992
5. Savić, Lj., Metodika rada sa decom oštećenog sluha, Zavod za udžbenike i nastavna sredstva, Beograd, 1982
6. Савић, Љ., Методика наставе познавања природе у школама за глуву децу,Савез друштва дефектолога Југославије, 1983
7. Савић, Љ.& Милосављевић, М., Методика наставе рачуна у школама за глуву децу, Савез друштва дефектолога Југославије, 1982
8. Димић, Н., Говорно-језички дефицити код глуве и наглуве деце, Друштво дефектолога Србије и Црне Горе, Београд, 2003