Д606И/18: Социјална патологија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Специјална едукација и рехабилитацијаVI2+16

Наставник: д–р Татјана Стојаноска Иванова

Цели на предметната програма:

Студентите да стекнат темелни знаења за видот, обемот и динамиката на општествено- девијантните појави и современите општествени проблеми и феномени, да развијат интерес и способност за нивно научно истражување, како и да стекнат сознанија за нивно превенирање и сузбивање.

Содржина на предметната програма:

Определување на социјалната патологија како наука. Предмет, методи и техники на социјалната патологија. Односот на социјалната патологија со останатите сродни науки. Основни теориски концепции за општествените девијации (еколошка теорија на девијантноста, теорија за диференцијална идентификација и асоцијација, теорија за културен конфликт и културен расчекор, теорија на аномија, теорија за општествена дезорганизација). Зависност од дрога – поим, причини, видови и општествени последици. Хазардни игри – поими и видови. Проституција- дефинирање, историски развој, видови, општествена реакција. Организиран криминал- специфики. Малолетничка деликвенција – поимно определување и специфики. Алкохолизам-дефинирање, класификација и оштествена реакција. Вагабондажа-поим и карактеристики. Хомосексуализам – табуизирање, специфики и односот на општеството кон маргинализираните групи. Хомосексуални бракови во современото општество. Педофилија-поим и специфични обележја. Развод на брак- специфичности и карактеристики. Трговија со луѓе – специфики и карактеристики.

Литература:

1. Špadijer-Džinić, J., Socijalna patologija, Zavod za udžbenike i nastavna sredstva, Beograd, 1989

2. Сулејманов, З., Стојаноски, Н., Социјална патологија, Југореклам, Скопје, 2002

3. Šeparović, Z., Kriminologija i socijalna patologija, Biblioteka udžbenika i skripta PFZ Zagreb, 1981

4. Џорџ, Р. П., Елштејн, Џ. Б., Значењето на бракот, Арс Ламина, Скопје, 2013

5. Стојаноска, Т., Стојаноски Н., Чонева, Љ., Борба против трговија со луѓе, Женска акција, Скопје, 2011

6. Gidens, E., Sociologija, CID, Podgorica, 2001