Д405И/18: Кинезиологија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Специјална едукација и рехабилитацијаIV2+16

Наставник: д–р Вујица Живковиќ

Цели на предметната програма:

Општи компетенции: Студентите ќе се запознаат со општествените и историските специфики и услови во кои се јавува и дефинира кинезиологијата како самостојна научна дисциплина, основната кинезиолошка терминологија, основната поделба и систематизација на кинезиологијата, основните принципи и методи на работа во кинезиологијата и др. Специфични компетенции: Студентите ќе се запознаат со основите законитости и принципи на кои се темели човековата локомоција со посебен аспект на влијанието на хипо и хипер кинезијата врз трансформацијата на одредени антрополошки карактеристики и способности на човекот. Во таа смисла, посебен акцент ќе се стави на кинезитерапијата како интегрален дел на кинезиологијата и тоа во насока на запознавање на студентите со превентивните и корективните аспекти на физичката активност врз одредени состојби и заболувања кај човекот.

Содржина на предметната програма:

Поим и дефиниција на кинезиологијата, историски развој на кинезиологијата, структура на кинезиологијата, предмет и методи на истражување во кинезиологијата, поврзаност на кинезиологијата со останатите науки и научни дисциплини, принципи во кинезиологијата, влијание на кинезиологијата врз филогенетскиот и онтогенетскиот развој на човекот, влијание на физичката активност врз здравјето на човекот, кинезитерапијата како интегративен дел од кинезиологијата, силата како моторичка способност – средства и методи за нејзин развој, координацијата како моторичка способност – средства и методи за нејзин развој, рамнотежата како моторичка способност – средства и методи за нејзин развој, флексибилноста како моторичка способност – средства и методи за нејзин развој, спорт за инвалиди, примена на одредени методи од кинезитерапијата и спортот кај лица со различен степен на оштетувања на видот и слухот, примена на одредени методи од кинезитерапијата и спортот кај лица со пречки во развојот.

Литература:

1. Bruce Abernethy et al., Biofizičke osnove ljudskog pokreta, Data Status, Beograd, 2012

2. Živković, D., Osnovi kineziologije sa elementima kliničke kineziologije, Fakultet sporta i fizičkog vaspitanja, Niš, 2009

3. Живковиќ, В., Мускулна анализа и техника на мерење на подвижноста, Факултет за физичка култура, Скопје, 2009

4. Hoffman, J. S., and Harris, C. J., Introduction to kinesiology, Champaign, IL: Human Kinetics Publishers, 2000

5. Јовановски, Ј., Живковиќ, В., Истегнување и совитливост, Вирџинија, 2004