Д402З/18: Малолетничка деликвенција
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Специјална едукација и рехабилитација | IV | 2+2 | 6 |
Наставник: д–р Зоран Киткањ
Цели на предметната програма:
Стекнување на знаења за етиолошките и феноменолошките аспекти на малолетничката деликвенција, влијанието на семејството врз појавата на малолетничка деликвенција, како и запознавање со современите правни и други општествени реакции на престапничкото однесување кај децата и младите.
Содржина на предметната програма:
Малолетничка деликвенција во потесна и поширока смисла; Терминолошки проблеми во одредувањето на поимот малолетничка деликвенција; Асоцијално однесување кај децата и младите; Прекршочно однесување кај малолетните лица; Феноменологија на малолетнички криминалитет; Насилство во училиштата; Причини за малолетничко престапништво и воспитна запуштеност на децата; Семејството како криминоген фактор – семејно-материјалните прилики кај малолетните престапници и воспитно-запуштените деца; Дефициентни семејства и семејства со социо-културна депривација; Концепт на функционалноста и дисфункционалноста; Типологија на семејството според неговата функционалност; Социјално-патолошки појави во семејството Био-психо-социјални карактеристики кај малолетните престапници и воспитно-запуштените деца; Кривичноправна одговорност и способност за вина кај малолетните лица; Класификација на децата и младите сторители на кривични дела; Подготвителна постапка кај децата во судир со законот; Кривичноправна постапка кај малолетните лица; Алтернативни (диверзиони) мерки и санкции за малолетните сторители на кривични дела.
Литература:
1. Киткањ, З., Престапничко однесување кај малолетните лица, Филозофски факултет, Скопје, 2014
2. Jašović Žarko, Kriminologija maloletničke delikvencije, Naučna knjiga, Beograd, 1991
3. Milutinović, M., Aleksić, Z., Maloletnička delikvencija, Naučna knjiga, Beograd, 1989
4. Singer, M. I., Todorović Mikšaj Lj., Delinkvencija mladih, 2 izd. Globus, Zagreb, 1993
5. Kambovski, V., Komparativna analiza na maloletničkoto zakonodavstvo, UNICEF, 2004
6. Bashikj, J., Koller Trbovikj, N., Uzelac, S. /urednici/, Poremećaji u ponašanju i rizična ponašanja – pristupi i pojmovna određenja, Edukacijsko-rehabilitacijski fakultet Sveučilišta u Zagrebu, Zagreb, 2004
7. Singer, M., Kaznenopravna odgovornost i zaštita mladih, Zagreb, Globus, 1998
8. Singer, M., Kovčo Vukadin, I., Cajner Mraović, I., Kriminologija, Globus, 2002