Д107И/18: Филозофија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Специјална едукација и рехабилитацијаI2+16

Наставник: д–р Марија Тодоровска

Цели на предметната програма:

Студентите да ги стекнат неопходните основни знаења за филозофските дисциплини и проблеми; да ги усвојат и развијат систематските познавања на филозофските категории и принципи; да го поттикнуваат и развиваат аналитичко-синтетичкото размислување за метафизички, познавателни, естетички, етички и антрополошки проблеми.

Содржина на предметната програма:

Предмет и цел на филозофијата (определување на филозофијата; изворите на филозофијата; одговори на прашањето „филозофија или филозофии?“; дисциплини на филозофијата и предмети на истражување на секоја од нив). Основни проблеми во онтологијата и теоријата на познанието (основните категории и прашања на онтологијата и на теоријата на познание; дефинирање на битието; односот на битие и суштество и видови суштества; идеите за материјалноста на светот; видови на материјализам и видови на идеализам; изворите, можностите и границите на човековото познание). Моралот, етиката, вредностите и нормите (основните етички категории; прашањето за универзалноста на моралот; дефинирање на вредностите; односот на вредностите и нормите и прашањата за постоењето на врвна вредност; проблемот на важење на вредностите). Убавото и возвишеното (критериуми за убавото; неколку теории за уметноста; институционалната теорија за уметноста; чувството на убавото; сфаќања за чувствувањето на возвишеното). Човекот и светот (основните прашања на филозофската антропологија; есенцијалистички и неесенцијалистички пристапи кон човекот). Дефиниции за човекот (хомоспецијации). Човекот и слободата.

Литература:

1. Декарт, Рене, Метафизички медитации, Зумпрес, Скопје, 1998

2. Бекон, Френсис, Нов органон Аз-Буки, Скопје, 2006

3. Цуцуловски, Љубомир, Марксовата антрополошка критика на капиталот, Аз-Буки, Скопје, 2008

4. Јовановски, Коле, Филозофски речник, Ѓурѓа, Скопје, 2002

5. Панзова, Виолета, Логички лексикон, Филозофски факултет, Скопје, 2001

6. Темков, Кирил, Етички речник, Просветно дело, Скопје, 2004