Д101З/18: Специјална едукација и рехабилитација
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Специјална едукација и рехабилитација | I | 3+2 | 6 |
Наставник: д–р Зоран Киткањ
Цели на предметната програма:
Да се стекнат основни знаења за специјалната едукација и рехабилитација, лицата со пречки во развојот и нивните можности за едукација, рехабилитација и третман.
Содржина на предметната програма:
Односот на лицата со пречки во развојот низ историјата. Термини (терминологија) за попреченоста. Терминологија која се однесува на науките кои го проучуваат проблемот. Лица со пречки во развојот. Распространетост на лицата со пречки во развојот. Причинители за попреченоста. Превентива, рано откривање, дијагностика и рана интервенција на децата со пречки во развојот. Едукација, згрижување и социјално-економски аспекти на рехабилитацијата. Институционална заштита, едукација и рехабилитација на ученици со посебни образовни потреби. Интеграција и деинституционализација. Нормативно-правно регулатива од земјава и странство. Основи на дефектолошката практика. Најзначајни имиња во областа на едукацијата и рехабилитацијата и спроведување на нивните принципи и ставови.
Литература:
1. Ајдински, Г., Киткањ, З., Ајдински, Љ., Основи на дефектологија, специјална едукација и рехабилитација, Македонска ризница, Куманово, 2007
2. Kovačević V., Stančić V., Mejovšek M., Osnovi teorije defektologije, Sveučilište u Zagrebu, Fakultet za defektologiju, 1986
3. Стошљевић М., Увод у дефектологију, Дефектолошки факултет Београд, 1998