А105И/18: пишаните извори и археологијата

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
АрхеологијаI2+26

Наставник: д–р Дафина Герасимовска

Цели на предметната програма:

Да се развие кај студентите вештината за толкување и користење на пишаните извори, создадени низ долгиот временски период, и примена на добиените сознанија во археолошките теренски и кабинетски истражувања.

Содржина на предметната програма:

Видови извори што ѝ помагаат на археологијата. Најбитни пишани извори, како појдовна точка за определени археолошки откритија и толкување на археолошките наоди. Пишани извори од протоисторискиот период, антички, средновековни и нововековни пишани извори. Пишани извори како инспирација за археолошки истражувања и откритија.

Литература:

1. М. Витрувиј Полион, Десет книги за архитектурата (превод Љ. Басотова). ЗУМПРЕС, Скопје, 1998.

2. Херодот, Историја (превод Д.Чадиковска), ЗУМПРЕС, Скопје, 1998.

3. Византиски извори за историју народа Југославије, Том 1-6, Београд, 1966-1986.

4. J. J. Pollitt, The Art of Ancient Greece, Sources and Documents, Cambridge University Press, 1983.

5. А. Матковски (прир.), Македонија во делата на странските патописци, 1371-1777, Мисла, Скопје, 1991.

6. Хомер, Илијада (прев. М. Д. Петрушевски), Детска радост, Скопје, 1995.