А707И/18: Историја на архитектурата на Македонија
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Археологија | VII | 2+2 | 6 |
Наставник: д–р Сашо Коруновски
Цели на предметната програма:
Студентите да стекнат основни познавања од историјата на архитектурата на Македонија преку спознавање на најзначајните текови и архитектонски остварувања. Стекнатиот квантум на знаења треба да ги оспособи студентите за теренска или кабинетска работа во соодветните институции.
Содржина на предметната програма:
Архитектурата во Македонија во антиката (станбена архитектура, театри, храмови, терми), Ранохристијанска архитектура (Стоби, Хераклеја, Лихнид, Баргала), Средновековна архитектура во Македонија IX-XV век (стилски периоди и споменички микро групи), Исламска архитектурата во Македонија (џамии, турбиња, текии, анови, амами), Христијанска архитектура XV-XVIII век (споменички микро групи), Архитектурата во периодот на преродбата.
Литература:
1. Коруновски С., Е. Димитрова, Византиска Македонија, Детска Радост, 2006.
2. Коруновски С., Е. Димитрова, С. Грандаковска, „Средновековна Македонија: историја на уметноста, архитектурата и литературата“, Македонија, милениумски културно–историски факти, МПМ, 2013.
3. Герасимовска Д., Антички куќи во Македонија, Скопје, 1996.
4. Коруновски С., Културно наследство, ФТУ Охрид, 2011.
5. Хаџиева-Алексиевска Ј., Е. Касапова, Архитект Андреја Дамјанов, Скопје, 2001.