А407И/18: Филозофија на религијата

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
АрхеологијаIV2+26

Наставник: д-р Марија Тодоровска

Цели на предметната програма:

Запознавање на студентите со теориите за потеклото и за природата на религијата, како еден од фундаменталните човекови феномени.

Содржина на предметната програма:

Различните теории за потеклото и за природата на религијата. Изворите и функцијата на религијата, улогата на религијата во фундирањето на обичајното право. Значењето на религијата за идентитетот на човекот и за осмислувањето на неговата позиција во светот. Аниматизам, анимизам, натур(ал)изам, тотемизам. Теории за светото (односот свето-профано, мана/свето-табу, ритуали на жртвување). Теории за статусот и значењето на митот. Важноста на ритуалот во религиозниот култ. Одржувањето на митот и ритуалот преку нивно трансформирање (митот и обичната сказна, митот во уметноста, ритуалот во изведувачките уметности, ритуализацијата на секојдневниот живот). Опаѓањето на важноста на светото во светот и проблемот на нуминозното (светото) во современиот свет. Религијата и магијата, како и односот на магијата со науката. Проблемот на (ин)компатибилноста на разумот и верата. Проблемот на неискажливоста на религиозните емоции. Критики на религијата од деветнаесеттиот до дваесет и првиот век. Начини на верување и религиско дејствување во современиот свет.

Литература:

1. Durkheim, Emile, Les formes élémentaires de la vie religieuse, PUF, Paris, 1968.

2. Ото, Рудолф, Светото: за ирационалното во идејата за божественото и неговиот однос со рационалното, Арс Студио, Скопје, 2015.

3. Елијаде, Мирча, Мит и реалност, Арс Студио, Скопје, 2015.

4. Тодоровска, Марија, Митот како света сказна, Филозофски факултет, Скопје, 2015.

5. Денет, Даниел К., Разбивање на магијата: религијата како природен феномен, Арс Студио, Скопје, 2015.

6. Тодоровска, Марија, Дијаболичната природа на светото, Филозофски факултет, Скопје, 2016.