А403З/18: Основи на античката архитектура 2

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
АрхеологијаIV4+26

Наставник: д–р Дафина Герасимовска

Цели на предметната програма:

Стекнување знаења за развитокот на античката архитектура. Развивање на вештината за препознавање на темелните карактеристики на античките архитектонски споменици, врзани за урбаните и руралните населби, а втемелени врз искуствата од раноантичкиот период. Запознавање со основни елементи, видови и форми што ќе им помогне на студентите по археологија и историја на уметноста во разликувањето на градежните структури и објекти, применувајќи ги овие сознанија во истражувањата.

Содржина на предметната програма:

Краток преглед на етрурските населби и архитектура. Организација на урбаните и руралните населби како и воведување на бројни нови начела на изградба во Римската империја. Градежни материјали, техники на градење, конструктивни и декоративни елементи, архитектонски стилови, профани и сакрални градби на италска почва, во северна Африка, во источните и западните провинции и во Р. Македонија. Градежните иновации воведени како резултат на турбулентните времиња во доцноантичкиот период.

Литература:

1. J. P. Adam, Roman Building: Materials and Techniques, London-New York, 2003.

2. И. Микулчиќ, Антички градови во Македонија, МАНУ, Скопје, 1999.

3. A.Boëthius, Etruscan and Early Roman Architecture, New Haven-London, 1994.

4. H.Stierlin, The Roman Empire, From the Etruscans to the Decline of the Roman Empire, Taschen, 1989.

5. M. Suić, Antički grad na istočnom Jadranu, Golden marketing – Tehnička knjiga – Institut za arheologiju, Zagreb, 2003.

6. Д. Герасимовска, Улогата на живеалиштето во културата на живеење низ антиката во Р. М., Каламус – Филозофски факултет, Скопје, 2009.