А207И/18: Старословенски јазик
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Археологија | II | 2+2 | 6 |
Наставник: д–р Емилија Црвенковска
Цели на предметната програма:
Старословенски јазик е основниот предмет на сите славистички ориентирани студии во светот, како и составен дел од словенската медиевистика. Преку содржините на овој предмет студентите се запознаваат со почетоците на писменоста кај Словените, со првите книжевни и епиграфски споменици и граматичката структура на јазикот на којшто се напишани. Граматиката на старословенскиот јазик е основа за совладување на сите современи словенски јазици, како и помош за навраќање кон прасловенските и индоевропските реконструкции.
Содржина на предметната програма:
Историјат на постанокот на старословенската писменост. Старословенски азбуки: глаголица и кирилица. Споменици: книжевни и епиграфски. Варијанти на црковнословенскиот. Фонологија. Вокалски промени: вокализација на еровите, превој, метатеза. Промени во консонантскиот систем: палатализации, јотувања. Морфологија. Именки. Основи на именките. Заменки. Палатална и непалатална промена. Придавки. Проста и сложена промена. Броеви. Прилози. Синтакса на падежните форми. Глаголи. Класификација на глаголите. Презент. Аорист. Имперфект. Именски форми на глаголите. Сложени глаголски форми. Значење и употреба на времињата. Вежби: читање, превод и морфолошка анализа на библиски текстови. Работа со речник и запознавање со лексиката.
Литература:
1. Угринова-Скаловска, Р., Старословенски јазик, УКИМ, Скопје, 1997.
2. Црвенковска, Е., Старословенска читанка, УКИМ, Скопје, 2015.
3. Вайан, А., Руководство по старославянскому языку, ИЛ, Москва, 1952.
4. Поленаковиќ, Х. (предговор), Угринова-Скаловска, Р. (превод), Панонски легенди, Македонска книга, Скопје, 1969.
5. Велев, И., Макаријоска, Л., Црвенковска, Е., Македонски споменици со глаголско и со кирилско писмо, ИМЈ, Скопје, 2008.
6. Илиевски, П. Хр., Појава и развој на писмото, МАНУ, Скопје, 2006.