А206И/18: Архитектурата кај древните цивилизации

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
АрхеологијаII2+26

Наставник: д–р Дафина Герасимовска

Цели на предметната програма:

Запознавање на студентите со појавата и развитокот на населбите и архитектурата кај древните цивилизации, што оставиле длабок печат врз културното минато во Евроазија, а особено во медитеранските простори.

Содржина на предметната програма:

Појава на архитектурата и нејзините специфики во Меѓуречјето, населени места, профани и сакрални објекти. Појава и развитокот на архитектурата во Египет, населби, профани и сакрални градби. Хетитски архитектонски градби и нивните специфични белези. Развиток на архитектурата во Бабилонија, Феникија, Канаан, Палестина и Персија. Населби и архитектонски градби кај егејските цивилизации. Преглед на древната архитектура во другите предели.

Литература:

1. M. Trachtenberg – I. Hyman, Arhitektura: od praistorije do postmodernizma, Građevinska knjiga, Beograd, 2006.

2. W. Müller-Gunther, Atlas arhitekture 1, Istorija graditeljstva od Mesopotamije do Vizantije, Građevinska knjiga, Beograd, 2005.

3. Ch. Gates, Ancient Cities, the archaeology of urban life in the ancient Near East and Egypt, Greece, and Rome, Routledge, London and New York, 2011.

4. B. Milić, Razvoj grada kroz stoljeća; prapovijest, antika, Školska knjiga, Zagreb, 1994.

5. Б. Несторовић, Архитектура старог века, Београд, 1974.

6. S. Pollock, Ancient Mesopotamia, Cambridge University Press, 2004.