Ф101З/18: Увод во Филозофијата

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ФилозофијаI4+26

Наставник: д–р Марија Тодоровска

Цели на предметната програма:

Запознавање со основниот филозофско-категоријален апарат, како и со основните филозофски прашања/проблеми и нивните можни решенија. Запознавање со различните филозофски дисципини, развивање на аналитичко-синтетичкото размислување за метафизички, познавателни, естетички, етички и антрополошки проблеми, запознавање со различни пристапи кон човекот, разгледување на вредносните системи и позицијата на човекот во современиот свет. Оспособување на студентите за следење на наставата по останатите филозофски предмети.

Содржина на предметната програма:

Запознавање со пропедевтичките поими и категории на онтологијата, теоријата на познанието, логиката, етиката, естетиката, историјата на филозофијата, филозофската антропологија и аксиологијата. Изучување на основните поими во античката, средновековната, византиската, ренесансната, нововековната и современата филозофија. После совладувањето на етимолошките дефиниции на клучните филозофски термини, компаративен пристап во употребата во зависност од историско-филозофскиот контекст (употреба на филозофските термини во точен и соодветен контекст – вежби на формулирање на терминолошки поткрепен и аргументиран филозофски дискурс).Предмет и цел на филозофијата. Oдносот на филозофијата и одделните науки. Определување на филозофијата (изворите на филозофијата; одговори на прашањето „филозофија или филозофии?“; дисциплини на филозофијата и предмети на истражување на секоја од нив). Основни проблеми во онтологијата (основните категории и прашања на онтологијата; дефинирање на битието; односот на битие и суштество и видови суштества; супстанција, ствар, твар). Природата на светот (видови на материјализам и видови на идеализам). Основни проблеми на гносеологијата (изворите, можностите и границите на човековото познание). Моралот, етиката, вредностите и нормите (основните етички категории; прашањето за универзалноста на моралот; дефинирање на вредностите; односот на вредностите и нормите и прашањата за постоењето на врвна вредност; проблемот на важење на вредностите). Основни поими во естетиката и неколку теории за уметноста. Човекот и светот (основните прашања на филозофската антропологија; есенцијалистички и неесенцијалистички пристапи кон човекот). Дефиниции за човекот (хомоспецијации). Форми на човековата алиенираност. Човекот и слободата..Запознавање со пропедевтичките поими и категории на онтологијата, теоријата на познанието, логиката, етиката, естетиката, историјата на филозофијата, филозофската антропологија и аксиологијата. Изучување на основните поими во античката, средновековната, византиската, ренесансната, нововековната и современата филозофија. После совладувањето на етимолошките дефиниции на клучните филозофски термини, компаративен пристап во употребата во зависност од историско-филозофскиот контекст (употреба на филозофските термини во точен и соодветен контекст – вежби на формулирање на терминолошки поткрепен и аргументиран филозофски дискурс).

Литература:

1. Jaspers, Karl, Filozofija egzistencije. Uvod u filozofiju, Prosveta, Beograd, 1967.

2. Fink, Eugen, Osnovni fenomeni ljudskog postojanja (The Basic Phenomena of Human Existence), Nolit, Beograd (or any suitable edition), 1984.

3. Цуцуловски, Љубомир, Марксовата антрополошка критика на капиталот, Аз-Буки, Скопје, 2008.

4. Jaspers, Karl, Way to Wisdom – An Introduction to Philosophy, transl. Ralph Manheim, Yale University Press, 2003.

5. Bošnjak, Branko, Filozofija: Uvod u filozofsko mišljenje i rječnik, Naprijed, Zagreb, 1989.

6. Фром, Ерих / Fromm, Erich, Бегство од слободата/ Escape from Freedom, Арс Студио, Скопје / Any suitable edition, 2014.

7. Декарт, Рене / Descartes, René, Метафизички медитации / Metaphysical Meditations, Зумпрес, Скопје / Any suitable edition, 1998/