Ф105И/18: Филозофска терминологија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ФилозофијаI2+26

Наставник: д–р Марија Тодоровска

Цели на предметната програма:

Студентите да ги стекнат неопходните основни знаења за филозофските термини, поими, категории, правци и дисциплини на филозофијата. Запознавање со етимолошките дефиниции на клучните термини. Компаративен пристап во преведување и употреба на филозофски термини. Вежба на коректно употребување на термини, соодветно формулирање на филозофски конструкции.

Содржина на предметната програма:

Запознавање со пропедевтичките поими и категории на онтологијата, теоријата на познанието, логиката, етиката, естетиката, историјата на филозофијата, филозофската антропологија и аксиологијата. Изучување на основните поими во античката, средновековната, византиската, ренесансната, нововековната и современата филозофија. После совладувањето на етимолошките дефиниции на клучните филозофски термини, компаративен пристап во употребата во зависност од историско-филозофскиот контекст (употреба на филозофските термини во точен и соодветен контекст – вежби на формулирање на терминолошки поткрепен и аргументиран филозофски дискурс).

Литература:

1. Јовановски, Коле, Филозофски речник, Ѓурѓа, Скопје, 2002.

2. Панзова, Виолета, Логички лексикон, Филозофски факултет, Скопје, 200.

3. Темков, Кирил, Етички речник, Просветно дело, Скопје, 2004.

4. Остин, Џ. Л., / Austen, J. L., Како да се дејствува со зборови / How to Do Things with Words, Арс Студио, Скопје, 2014.

5. Кено, Ремон, Стилски вежби, Табернакул, Скопје, 2003.

6. Online Etymology Dictionary, Douglas Harper, 2001-.