Ф102З/18: АНТИЧКА ФИЛОЗОФИЈА 1

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ФилозофијаI4+26

Наставник: д–р Јасмина Поповска

Цели на предметната програма:

Студентите да добијат продлабочени сознанија за основните филозофски проблеми и за најзначајните филозофски идеи во Антиката, да ја разберат концептуалната рамка и терминологија во која се формираат фундаменталните идеи на претсократовците, да создадат слика за почетокот на западната филозофска мисла, да развијат способности за споредување на историски различни филозофски концепти, да развијат способност да ги интерпретираат, анализираат и оценуваат автентичните антички филозофски текстови и притоа соодветно да ја користат секундарната литература, да се зајакне сопствената филозофска мисла преку комуникација со идеите на претсократовците, во форма на писмено изложување и/или вербална аргументација.

Содржина на предметната програма:

Овој предмет ги запознава студентите со историјата на античката претсократовска филозофија, почнувајќи од милетската школа, Хераклит, елејската школа, питагорејците, Демокрит, Емпедокле, Анаксагора, софистите, Сократ и сократовите школи. Во предметната програма е вклучен и краток вовед за предфилозофска мисла во антиката, имено делата на Хомер и Хесиод, грчката митологија и античките мистерии (елевсинските, орфичките и дионизиските мистерии). Преку историската ретроспектива на овие филозофи, студентите ќе се запознаат со најзначајните филозофски проблеми во Антиката, имено учењето за првите причини, проблемот на едното и мноштвото, проблемот на битие-небитие, дискусија за термините cosmos, physis, nomos, logos, проблемот на движењето, проблемот на познанието и т.н.

Литература:

1. Diels, H., Predsokratovci. I – II, Zagreb: Naprijed, 1983.

2. Лаертиј, Д., Животите и мислењата на славните филозофи, Скопје: Аз- Буки, 2004.

3. Митевски, В., Почетоците на западната филозофија, Претсократовци, Скопје: Матица македонска, 1999.

4. Koplston, F., Istorija filozofije, tom I – Grčka i Rim, Beograd: BIGZ, 1991.

5. Barbarić, D., Grčka filozofija, Zagreb: Školska knjiga, 1995.

6. Кени, Е., Нова историја на западната филозофија, Том I – Античка филозофија, Скопје: Арс Студио 2016.

7. Мухиќ, Ф., Потомци на боговите, Скопје: Табернакул, 2005.

8. Расел, Б., Историја западне филозофије, Београд: Народна књига – Алфа, 1998.

9. Hegel, G. W. F., Istorija filozofije I, Beograd: BIGZ, 1983.

10. Đurić, М., Istorija helenske etike, Beograd: BIGZ, 1987.

11. Windelband, W., Povijest filozofije I, Zagreb: Naprijed, 1978.