Асист. м-р Стефан Васев
(stefan.vasev@fzf.ukim.edu.mk)
Стефан Васев е роден 26. XII.1993 година во Скопје. Дипломирал (2016) на
Филозофски факултет во Скопје, дипломскиот труд го одбранил под менторство на
проф.д-р Слободанка Марковска на тема „Марксистички теории за родот во XIX век и
првата половина на XX век“. Магистирирал (2021) социологија на Филозофскиот
факултет во Скопје, на тема „Културата и сексуалноста“, под менторство на проф.д-р
Антоанела Петковска. Во моментот е на докторски студии по социологија, пријавил
тема за докторска дисертација со наслов „Социо-културни аспекти на македонското
женско движење“ под менторство на проф.д-р Антоанела Петковска. Во период од 2019
до 2021 година бил ангажиран како демонстратор на група предмети кај проф.д-р
Сузана Симоновска, а од јуни 2022 година со одлика на Наставно -научниот совет на
Филозофски факултет во Скопје избран е во соработничкото звањето – асистент. Васев
учествувал со свои трудови на неколку меѓународни научни конференции: „The role of
historical figures in history and collective memory“; „6. Меѓународна научна конференција
- 30 години студии по специјална едукација и рехабилитација“; Воедно, тој е член во
организацискиот одбор за организација на „1 st and World Conference for Religious
Dialogue and Cooperation“ и „Second World conference for Religious Dialogue and
Cooperation“.
Истражувачки интереси: социјална и културна антропологија, антропологија на родот
и сексуалноста, социологија на културата, феминистички теории и движења;
Дел од библиографијата на асс. м-р Стефан Васев:
Vasev, S. (2018). The connection between feminism and the women movement and the
marxist theory and practice, in „The sociological review no.1/2018“, Skopje: Faculty of
Philosophy. (pp.93-111)
Vasev, S. (2020) The changes in sexuality inside contemporary sociaties, in „The sociological
review no.1/2020“, Skopje: Faculty of Philosophy. (pp.61-78)
Simonovska, S., & Vasev, S. (2023). The cultural conceptions of masculinity and femininity:
the divergence of masculine and feminine culture, in, Annual of the Faculty of Philosophy in
Skopje, 76(1), (pp.781-792)
Симоновска, С. & Васев, С. (2023). “Предизвиците на сексуалното и репродуктивно
здравје и права на девојчињата и младите жени со попреченост“. во 6. меѓународна
научна конференција 30 години студии по Специјална едукација и рехабилитација. (ур.
Ристо Петров, Зора Јачова, Даниела Димитрова-Радојичиќ). Скопје: Филозофски
факултет, (pp.350-365).