%d1%82%d1%80%d0%b5%d1%82-%d1%86%d0%b8%d0%ba%d0%bb%d1%83%d1%81-%d0%b7%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d1%80%d0%ba%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%b7%d0%b8%d0%bc%d1%81%d0%ba%d0%b8%d0%be%d1%82-%d1%81%d0%b5%d0%bc%d0%b5%d1%81

ТРЕТ ЦИКЛУС-Заверка на зимскиот семестар, пријавување на испити во зимска испитна сесија 2024, запишување летен семестар

I. ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР И ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ ЗА ЗИМСКИОТ ИСПИТЕН РОК ВО УЧЕБНАТА 2023/2024 ГОДИНА

            Заверката на зимскиот семестар и пријавувањето на испитите во зимскиот испитен рок за студентите на трет циклус на студии ќе се реализира во периодот од 9.1.2024 до 12.1.2024 година со следниве документи:

– Индекс;

– Образец за заверување семестар со уплатница од 50,00 денари за административна такса;

–  Пријава за испит со уплатница од 50,00 денари за административна такса за секој испит поединечно;

–  Уплата на преостанат дел од ратата за семестарот

II. ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ ВО ЗИМСКИОТ ИСПИТЕН РОК ВО УЧЕБНАТА 2023/2024 ГОДИНА

            Зимскиот испитен рок е од 16.1.2024 до 7.2.202година.

 III. ЗАПИШУВАЊЕ НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА 2023/2024 ГОДИНА

            Запишувањето на летниот семестар ќе се реализира во периодот од  8.2.2024 до 13.2.2024 година, со следниве документи:

  • Индекс;
  • Образец за запишување семестар со уплатница од 50,00 денари за административна такса;
  • Уплата за „Активности на Факултетско студентско собрание (по семестар)“ на општа уплатница ПП50 со следниве податоци:

– од страната на примач – назив на примач: Буџет на РМ – Филозофски факултет Скопје; банка на примачот: Народна банка на РМ; сметка на примачот: 100000000063095; сметка на буџетски корисник: 1600104227 788 18; приходна шифра: 723019 и програма: 41; повикување на број/задолжување: 723019-1118; износ: 100,00 денари.

  • Уплата на рата за запишување на семестарот согласно склучениот договор, на сметката на Филозофскиот факултет на општа уплатница ПП 50 со следниве податоци:

– од страната на примач – назив на примач: Буџет на РМ – Филозофски факултет Скопје; банка на примачот: Народна банка на РМ; сметка на примачот: 100000000063095; сметка на буџетски корисник: 1600104227 788 18; приходна шифра: 723011 и програма: 41;

– од страната на налогодовач задолжително во повикување на број – задолжување да се внесе бројот на студиската програма за:

ФИЛОЗОФИЈА 723011-01

ПЕДАГОГИЈА 723011-02

ИСТОРИЈА 723011-03

ИСТОРИЈА НА УМЕТНОСТ И АРХЕОЛОГИЈА 723011-04

СОЦИОЛОГИЈА 723011-05

ПСИХОЛОГИЈА 723011-06

БЕЗБЕДНОСТ, ОДБРАНА И МИР 723011-07

СОЦИЈАЛНА РАБОТА, СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА 723011-08

КЛАСИЧНА ФИЛОЛОГИЈА 723011-09

MEЃУНАРОДНИ ОДНОСИ 723011-10

ДЕФЕКТОЛОГИЈА 723011-13

Во цел на дознака задолжително се внесува името на студиската програма и цел на уплата.

            Студентот при заверувањето на семестарот, односно најдоцна со запишувањето на наредниот семестар доколку ги има реализирано активностите од тековниот семестар поврзани со пријавувањето и изработката на докторската дисертација потребно е да достави извештај и тоа:

v  извештај за истражување и подготовка на тема за докторска дисертација и валоризација на 14 ЕКТС од II семестар,

v  извештај за истражување и подготовка на тема за докторска дисертација и валоризација на 27 ЕКТС од III семестар 

v  извештај за истражување и објавување на резултати и валоризација на 20 ЕКТС од IV семестар и

v  извештај за истражување и објавување на резултати и валоризација на 27 ЕКТС од V семестар.

            Валоризација на кредитите поврзани со пријавување и подготовка на докторската дисертација ја прави менторот, кој е потребно да се потпише во индексот и на поднесениот извештај од студентот.

 Од Деканатот

на Филозофскиот факултет