%d1%81%d0%be%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d0%b5-%d0%b7%d0%b0-%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b4%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%ba%d0%be%d0%b8-%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b4%d0%b8%d1%80%d0%b0

СООПШТЕНИЕ

за студентите кои студираат на прв циклус на студии

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР во учебна 2020/2021 година

Редовните студенти, кои студираат на прв циклус на студии, во Одделението за студентски прашања,  треба да го заверат зимскиот семестар.

Потребни документи:

  • Индекс со запишани предмети од тековниот семестар;
  • Образец за заверување семестар уредно пополнет;
  • Уплатница со платена  рата

Вонредните студенти не заверуваат семестар, тие треба да достават уплатница за платена рата.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР во учебната 2020/2021 година

Сите студенти, кои студираат на прв циклус на студии, треба да го запишат летниот семестар во  Одделението за студентски прашања.

Потребни документи:

  • Индекс со запишани предмети од летниот семестар
  • Образец  за запишување семестар уредно пополнет;
  • Уплатница со уплатена рата од сумата предвидена за нивното студирање;
  • Уплатница со уплатени 300 денари за испити по семестар
  • Уплатница со уплатени 100 денари за активности на Факултетското собрание ( на приходна шифра 723019)

Вонредните студенти задолжително треба да го запишат летниот семестар со горенаведените документи.

Заверката на зимскиот семестар и запишувањето на летниот семестар во Одделението за студенски прашања ќе се одвива по следниот распоред:

Втор семестар                                          3 и 4.2.2021

Четврти семестар                                  5 и 8.2.2021

Шести семестар                                    9 и 10.02.2021

Осми семестар                                       11 и 12.2.2021

Десети….семестар                               15 и 16.2.2021

Непочитувањето на дадениот распоред повлекува надомест за ненавремена заверка и запишување на семестар.

ВАЖНО: Сите студенти електронски во Iknow системот треба:

  • да го запишат летниот семестар  
  • да ги запишат предметите во летниот семестар

Студентите кои ги имаат исполнето условите за запишување на летниот семестар ( оценки во индекс и во Iknow системот) административните обврски  во Одделението за студентски прашања можат да ги завршат  пред 3 февруари 2021 година.

Работното време  со студенти во периодот од 3.2. до 16.2.2021 година ќе биде од 8,30 до 15,00 часот.  ( пауза од 10,00 до 10,30 часот)

14.1.2021 год.                                                                            Од Деканатот