%d1%81%d0%be%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d0%b5-%d0%b7%d0%b0-%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b4%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%ba%d0%be%d0%b8-%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b4%d0%b8%d1%80%d0%b0

ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ – Скопје

СООПШТЕНИЕ за студентите кои студираат на прв циклус на студии

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАВЕРУВАЊЕ НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР во учебна
2023/2024 година

Редовните студенти, кои студираат на прв циклус на студии треба да го заверат
зимскиот семестар.
Потребни документи:
 Индекс во кој се запишани предметите од зимскиот семестар со добиените потписи
од предметните професори
со што се потврдува исполнување на предвидените
обврски;
 Образец за заверување семестар уредно пополнет;
 Уплатница со платена рата (за студентите кои школарината/партиципација ја
плаќаат на рати)
Вонредните студенти не заверуваат семестар, тие треба да достават уплатница за
платена рата.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР во учебната
2023/2024 година

Сите студенти кои студираат на прв циклус на студии треба да го запишат
летниот семестар.
Потребни документи:
 Индекс во кој ќе бидат запишани предмети од летниот семестар
 Образец за запишување семестар уредно пополнет;
 Уплатница со уплатена рата од сумата предвидена за нивното студирање; (на
приходна шифра 723012)
 Уплатница со уплатени 300 денари за испити по семестар (на приходна шифра
723013)
 Уплатница со уплатени 100 денари за активности на Факултетско собрание (на
приходна шифра 723119)
Вонредните студенти задолжително треба да го запишат летниот семестар со
горенаведените документи.
Заверката на зимскиот семестар и запишувањето на летниот семестар ќе
се одвива по следниот распоред:
Втор семестар 5 и 6.2.2024 г.
Четврти семестар 7 и 8.2.2024 г.
Шести семестар 9, 12, 13.2.2024 г.
Осми семестар 14, 15 и 16.2.2024 г.
десети семестар 19 и 20.2.2024 г.
Непочитувањето на дадениот распоред повлекува надомест за ненавремена
заверка и запишување на семестар.
ВАЖНО:
Студентите во индексот да ги имаат сите оценки од положените предмети во летните семестри.
Во Iknow системот треба:
 да се запише летниот семестар 2023/2024 година и
 да се запишат предметите во летниот семестар
Студентите кои ги имаат исполнето условите за запишување на летниот семестар
(оценки во индекс и во Iknow системот) административните обврски во Одделението за
студентски прашања можат да ги завршат пред 5 февруари 2024 година.
Работното време со студенти во периодот од 5.2. до 20.2.2024 година ќе биде од 8,30
до 14,00 часот. ( пауза од 10,00 до 10,30 часот)

јануари, 2024 г. Од Деканатот