ПЕ801З/18: Дидактика на природно-научно подрачје
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Педагогија | VIII | 3+2 | 6 |
Наставник: д–р Јасмина Делчева-Диздаревиќ, д–р Алма Тасевска
Цели на предметната програма:
Студентите да стекнат основни знаења и вештини за подготовка, реализација и вреднување на ефектите од својата ангажираност во наставата по природни науки и општество во првиот образовен циклус, да стекнат сигурност во работата со ученици, како и професионални компетенции за менаџирање на воспитно-образовниот процес.
Содржина на предметната програма:
Специфики на природно- научното подрачје, сваќање на природните појави како извор на сознанија, истражувачки постапки на учениците, набљудување и анализа на конкретни природни феномени и нивно следење, проблемски пристапи, техники за прибирање на податоци и нивна квалитативна обработка, изведбени аспекти на некои програмски сегменти (поим за време и простор), картографска писменост, користење на симболика, терминологија и ориентација во непосредната околина и на географска карта, екскурзии, специфични наставни стратегии за реализација на целите од природно- научното програмско подрачје, анализа на наставните програми по природни науки и општество.
Литература:
1. De Zan, I., Metodika nastave prirode i društva, Školska knjiga, Zagreb, 2000
2. Stevanović, M., Kvalitetna škola i stvaralaštvo, Štamparija Fojnica, 2001
3. Биро за развој на образованието, Наставни планови програми во првиот и вториот образовен циклус по природни науки и општество, Кома, Скопје, 2007
4. Лазаревић, Ж., Банџур, В., Станимировић, Б., Методика наставе природе и друштва, Графопринт, Јагодина, 1997