Р806И/18: Визуелната култура и родот

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Родови студииVII2+16

Наставник: д–р Сузана Симоновска

Цели на предметната програма:

Да се добијат продлабочени научни сознанија за репрезентацијата на родовите во рамките на интердисциплинарната методологија на визуелната култура. Со критичко промислување на детерминираноста на визуелната култура од историските, културните и општествените услови да се дефинираат начините на кои визуелната култура влијае кон зацврстувањето на веќе постојните родови стереотипи со пролиферација и циркулација на родово несензитивни претстави во различните медиуми: фотографијата, филмот, телевизијата, рекламата, ликовната уметност, интернетот, итн.

Содржина на предметната програма:

– Увод во предметот и во интердисциплинарните истражувачки методи на визуелната култура

– Сродството и размената во културата и уметноста: антрополошки пристап кон визуелната родова теорија на културата

– Телото, погледот, знакот: структуралистичка интерпретација на различните уметнички канони и на уживањето во објектификацијата на женското тело – Маскарадата и перформативноста: психоаналитички интерпретации на конструирањето на родот во визуелното поле

– Алегоријата за Маријана: жената, раѓањето на нацијата и етничкиот идентитет во визуелната култура

– Родот, класата и расата во визуелната култура и уметност

– Неволји со маскулинитетот и неговото „изложување„

– Институционална критика и културна политика: родовите разлики во историјата на уметноста, музеите и галериите – Ниедно: хибридни претстави на нестабилни родови идентитети (андрогини, химери, тобелии и сл.) – Личното е политичко: визуелната репрезентација на родот во јавниот простор – Репрезентации на алтернативните сексуални идентитети во културата на ЛГБТ

– Теориите на кемп (camp) и извртеност (Queer Theory) низ визуелни претстави

– Култот на телото: родовите разлики во културата на славните, рекламата и конзумеризмот

– Визуелната кибер-култура и иднината на родот: новите технологии и глобализацијата на визуелната култура

Литература:

1. Лора Малви “Визуелното задоволство инаративниот филм”, Кинопис бр. 14, Кинотека на Република Македонија, 1996

2. Јулија Кристева, Црно сунце – депресија и меланхолија, Светови, Нови Сад, 1994

3. Branka Arsić, Žene, slike, izmišljaji, Centar za ženske studije, 2006

4. Amelia Jones (ed.), The Feminism and Visual Culture, London: Routledge, 2003