Р805И/18: Репродуктивни технологии-морални импликации

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Родови студииVII2+16

Наставник: д–р Сузана Симоновска

Цели на предметната програма:

Студентите да стекнат знаења за етичките, социјалните и правните димензии на новите репродуктивни технологии од аспект на родова перспектива.

Содржина на предметната програма:

Репродукцијата и биоетиката. Увид во подемот на биомедицинските репродуктивни технологии: проблемите на стерилноста во земјите на развиениот Север и високиот наталитет во сиромашниот Југ. Сексуално и репродуктивно здравје: планирање на семејството; безбедно мајчинство; Дебатите за импликациите од репродуктивните технолгии. Феминистичка перспектива на репродуктивните технологии. Критичко промислување на митот за прогресот пласиран од биомедицинскиот естаблишмент. Генетскиот инженеринг: родовата димензија на антрополошките, правните, политичките и моралните импликации.

Литература:

1. Игновска, Е., Биорепродуктивна етика и права: новите репродуктивни технологии и родителското право, Скопје: Бигосс, 2010

2. Булох, Берн и Бони, Сексуални ставови, Скопје: Магор, 2006

3. Павловски, Б., Проценка на состојбата во однос на сексуалното и репродуктивното здравје и права на населението во Р. Македонија, Скопје: ЕСЕ, 2012

4. Стратегија за сексуалното и репродуктивното здравје до 2020, со Акциониот план до 2013, Скопје: Министерство за здравство и ,2011

5. Kričković Pele, K., Vantelesna oplodnja: rodne i društvene kontroverze, Novi Sad: Zavod za ravnopravnost polova i ACIMSI Centar za rodne studije Univerziteta u Novom Sadu, 2014