Р704И/18: Жената во масовната култура
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Родови студии | VII | 2+1 | 6 |
Наставник: д–р Сузана Симоновска
Цели на предметната програма:
Да ги запознае студентите со третманот на жената во масовната култура, со нејзиното влијание врз вредносниот систем и градењето на културните родови обрасци (мажественост-женственост).
Содржина на предметната програма:
Појава и ширење на мас-културата: културна глобализација и хомогенизација. Мас-културата како потрошувачка култура: карактеристики и механизми. Улогота на масмедиумите и рекламата: женската еротика во функција на комерцијалноста. Културните модели за масовна потрошувачка: родови обрасци (мажественост-женственост). Културата на женственоста: имиџи и претставување. Амбивалентниот имиџ на жената во масовната култура. Пробразбата на мас-културата. Нео-женственоста и нео-феминизмот. Демократизација на културата или нејзина деградација.
Литература:
1. Симоновска, С., Духовноста во ерата на техниката, Скопје: Аз-буки, 2008
2. Erdei, I., Antropologija potrošnje: teorije i koncepti na kraju XX veka, Beograd: Biblioteka XX vek, Knjižara Krug, 2008
3. Božilović, N., Sva lica kulture, Niš: Filozofski fakultet, 2010
4. Јакимовска, И., Телото, Скопје: Слово, 2009
5. Грико Метјуз, С., „Телото, изгледот и сексуалноста“, во: Земон Дејвис, Н., Фарж, А. (ур.), Парадоксите на ренесансата и просветителството, Скопје: Филозофски факултет, 2015