Р304И/18: Социологија на женскиот труд

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Родови студииIII2+26

Наставник: д–р Милева Ѓуровска

Цели на предметната програма:

Стекнување на знаење за родовите улоги, за природната и општествената поделба на трудот, историјата на вклучувањето на жените во индустријата, полиња на дискриминација во доменот на трудот. Стекнување на вештини за вклучување на дипломираните студенти во политиките за надминување на дискриминацијата според полот, како и вештини за креирање на политики за вработување на ранливите групи во општеството.

Содржина на предметната програма:

– Женскиот труд низ историска перспектива;

– Концепции за вработувањето на жените;

– Борбата на жените за социјални права;

– Жената и вработеноста во рамките на глобалите економски движења;

– Нееднакви плати;

– Дискриминација со оглед на образованието, занимањата и професиите;

– Насилство на работното место;

– Родот и градењето на кариерата (значењето на семејството, типот на организација на работа, културата и образованието);

– Општествените услови за напредување на жените во сферата на трудот во Република Македонија.

Литература:

1. Ѓуровска, Милева, Социологија на женскиот труд, Филозофски факултет, Скопје, 2008

2. Fetherholf Loutfi M., Women, Gender and Economy, What is equality and how do we get there? International labour office of Geneve, 2001

3. Bok Gizela, Evropska istorija žena, Klio, Beograd, 2003

4. Haralambos M., M. Holborn, Sociologija, Golden Marketing, Zagreb