СР3043/18: Социјална педагогија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Социјална работа и социјална политикаIII3+26

Наставник: д–р Сузана Миовска-Спасева

Цели на предметната програма:

Стекнување научни и продлабочени сознанија за воспитната средина и нејзиното влијание врз лица и групи и оспособување за нејзино проучување. Запознавање со компетенциите и работата на педагогот во областа на социјалната заштита.

Содржина на предметната програма:

Историски развиток. Предмет и задачи на социјaлната педагогија. Основни поими во социјалната педагогија. Односот со другите научни дисциплини. Професионалниот идентитет на социјалниот педагог. Специфичности на методологијата на истражување во социјалната педагогија. Основни средински кругови. Работата на педагогот во областа на социјалната заштита. Подрачја на работа на социјалниот педагог. Тимска работа на педагогот и сродните профили. Изготвување наод и мислење на педагогот/стручниот тим. Педагогот и институционалната и вонинституционалната заштита на деца и млади.

Литература:

1. Uzelac, S., Osnove socijalne pedagogije, Školska knjiga, Zagreb, 2007

2. Група автори, Стручно-методолошки упатства и прирачници Кн.1 Том 2, Завод за социјални дејности, Скопје, 2007

3. Cameron, C., Moss, P, (eds.) Social pedagogy and working with children and young peopleWhere care and education meet, Jessica Kingsley Publishers, London and Philadelphia, 2011

4. Петровска, Н., Детско престапништвопревенција и превентивни програми, Невена Петровска, 2016