СР102З/18: Социјална политика
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Социјална работа и социјална политика | I | 3+2 | 6 |
Наставник: д–р Маја Геровска Митев
Цели на предметната програма:
Да се добијат продлабочени сознанија за теоретската и идеолошката основа на социјалната политика, нејзиниот историски развој, актерите кои обезбедуваат мерки од социјална политика, како и знаења за специфичните политики во домените: вработување, плати, социјално осигурување, социјална заштита, образование и сл..
Содржина на предметната програма:
Научна заснованост на социјалната политика; Методолошки пристапи во социјалната политика; Историски развој на социјалната политика; Теоретски модели на социјалната политика; Социјална држава; Социјални мерки; Актери во социјалната политика; Политика на вработување; Политика на плати; Социјална заштита; Социјално осигурување; Образовна политика; Урбана политика; Имиграциона политика.
Литература:
1. Балдок Џон и др. (ур.), Социјална политика, Арс Ламина, 2014
2. Геровска Митев, М. (ур.), Врамување нова социјална политика: актери, димензии и реформи, Филозофски факултет и Фонд. Фридрих Еберт, 2008